Челинџ Куп: Еурофарм Работник од третото коло ќе дебитира во Европа

Ракометарите на Еурофарм Работник во својата деби сезона во Суперлигата стигнаа до најголемиот клупски успех, пласман во финалето на Купот на Македонија. Битолчани со тоа обезбедија пласман во Челинџ Купот и ќе стартуваат од третото коло.

Со оглед на малиот број на пријавени екипи, Македонија котира високо во овој куп, па тимот на Андон Бошковски има улога на носител. Познати се осум можни противници, а ќе има уште осум можни, а тоа ќе бидат победниците од двојките во второто коло.

Има екипи од соседството кои Работник би можел да ги елиминира, а плус нема да има долги патувања. Би било добро да се избегнат тимовите од Русија, Литванија и Белорусија кои ќе играат во 2 коло, пред се поради далечината.

Добар избор би бил некој аматерски тим од Малта, Англија или Молдавија, а сигурно пречка не би требало да претставуваат ниту тимовите од Косово. Ждрепката за 2 и 3 коло во Челинџ Купот е на 18 јули.

Можни противници на Еурофарм Работник:

Ловќен (Црна Гора)
Трепча (Косово)
Строволос (Кипар)
Лондон (Англија)
Тираспол (Молдавија)
Батуми (Грузија)
Гранитас (Литванија)
Гомел (Белорусија)

+ 8 победници од дуелите во 2 коло:

Шамот (Србија)
ПАОК (Грција)
Ред Бојс Диферданж (Луксембург)
Динамо Виктор (Русија)
Холон (Израел)
Шахтјор (Украина)
Тасово (Турција)
Коњух (Босна)
—————————
Мојковац (Црна Гора)
Пафос (Кипар)
Кембриџ (Англија)
Вилнус (Литванија)
Каерјенг (Луксембург)
Вогошча (Босна)
Кауно (Литванија)
Вон Тен (Малта)