Чековски Медведи по потешкиот пат до третото место на турнирот „Вардар“

Во директниот руски дуел екипата на Краснодар одигра нов нерешен натпревар овојпат со рускиот шампион Чековски Медведи во меч за третото место на турнирот „Вардар“. По регуларните 24-24, пеналите го одлучија тимот кој ќе го освои бронзениот медал, а поуспешни во тоа беа Чековски Медведи (28-26).
TURNIR VARDAR Krasnodar-Cehovski Medvedi-6091
Натпреварот започна со одлична одбрана на голманите на двете страни по што обете екипи постигнаа по еден гол. Први до предност од два гола разлика стигнаа ракометарите од Краснодар кои до 7 минута имаа предност од 3-1. Првото изедначување на овој натпревар по почетните 1-1 се случи во 14 минута при резултат 4-4, а веднаш потоа руските шампиони ја превзедоа контролата врз натпреварот за прва предност од четири погодоци по 20 минути игра. Кога веќе сите ги прогласија Чековски медведи за апсолутни фаворити во овој меч, со серија од 5-1 ракометарите на Краснодар ја вратија неизвесноста на овој натпревар и заминаа на полувреме со нерешени 11-11.
Свистунов со два погодока по ред одлично го отвори вториот дел и го доведе Краснодар повторно во водство од 13-11. Пет минути им беа потребни на ракометарите на Максимов да го израмнат резултатот, но Краснодар преку младиот Свистунов повторно создаде два погодока предност која ја одржуваше до 55-та минута. Чековски Медведи уште неколку пати се обидоа да го превземат водството од Краснодар, но најмногу што можеа да направат е да го израмнат резултатот на пет минути до крај. Рускиот шампион имаше неколку шанси за изедначување, но брзоплетата игра тоа им го овозможи дури во последните секунди од натпреварот за конечни 24-24 по регуларните шеесет минути.
TURNIR VARDAR Krasnodar-Cehovski Medvedi-6117
Откако немаше победник по првите шеесет минути, победникот на дуелот за третото место на турнирот „Вардар“ беше одлучен по изведување на ударите од линијата за седум метри. Пшенички и Копашов беа прецизни за Краснодар,додека Измаилов, Котов, Осташенко и Ковалев за Чековски Медведи. Јунак на натпреварот беше голманот на Медведи, Павленко, кој со два одбранети пенал удари на Шкурински и Воробјев им го донесе третото место на руските прваци.
Најпрецизен во редовите на Краснодар беше Свистунов со шест, а го следеше Волков со пет постигнати голови. Во редовите на Чековски Медведи се истакнаа Куретков и Шелестјуков со четири погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ