Чантурија: Тука сум да го споделам искуството со помладите

Металург ги започна подготовките за новата сезона, а во тимот по цели девет години е и грузискиот репрезентативец Реваз Чантурија. Тој се надева дека со своето искуство ќе им помогне на помладите играчи во тимот.

„Мило ми е што по девет години повторно се враќам во Металург. Ова е млада екипа, но е доста силна. Со исклучок на мене, Пецаковски, Дупјачанец и Поповиќ, сите се под 23 години, па ќе се обидеме да им го споделиме нашето искуство. Ќе се обидеме да влеземе во групите во ЕХФ Купот, а потоа во плеј-офот од македонското првенство ќе се бориме за што повисок пласман“, вели Чантурија.

Металург во претсезоната ќе настапи на два турнири и ќе одигра шест пријателски натпревари, а дуелот против Вардар од Суперкупот треба да добие термин.