Чаневски успешно опериран, се враќа следната сезона (ФОТО)

Голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски успешно беше опериран во Скопје, откако пред неполн месец ги скина лигаментите од коленото на натпревар од Суперлигата против Пролет. Чаневски го чека долга пауза и се предвидува на терените да се врати на почетокот од следната сезона.

Тој ја почна втората сезона во битолскиот суперлигаш, но за жал нема да ја доврши, па „фармацевтите“ ќе мораат без неговите услуги да настапат и во европските натпревари. На голманската позиција Еурофарм Работник во моментов ги има Филип Ивановски и Јевхен Умовец.