Чана Масон во Бетингхајм

Голманката на Виборг Чана Масон во идната сезона ќе биде дел од амбициозниот тим на Бетингхајм. Според данските ракометни портали во наредниот период се очекува бразилката да потпише за германскиот клуб. За Масон ова ќе биде втор пат да настапува во Бундес лигата откако во сезона 2006/07 беше дел од Лајпциг. Според најавите клубот планира уште три засилувања за следната сезона. Масон поголемиот дел од кариерата ја помина во Данска настапуваќи за Рандерс и Виборг.