Чаир убедлив против Пелистер

По убедливата победа на Илинден Кузман Вардар, ракометарките на Чаир остварија уште еден висок триумф во Женската лига.

Во Скопје беше совладан претставникот во Челинџ Купот – Пелистер, со 37-28, откако и на полувреме домаќинките имаа висока предност од осум голови, 19-11.

Најдобри во домашниот состав беа Николовска со 12 погодоци, како и Бакиќ и Рахмани со по пет голови, додека кај Пелистер се истакна Стојанова со седум.