Чави Пасквал со комплименти: Вардар заслужи да победи со поголема разлика

Тренерот на гостите, Чави Пасквал имаше пофални зборови за Вардар и за она што беше прикажано денеска на средбата. Тој изјави дека разликата на крајот е премала и дека Вардар заслужил поголема победа.

„Им честитам на Вардар и на Раул за одличната партија денеска и за победата, која е целосно залужено. Нашиот ривал заслужи да победа и со поголема разлика. Резулатот не е слика на она што се случуваше на терен. Направивме многу грешки, а нашиот противник лесно доаѓаше до голови од контра. Ни останува на нас да се обидеме да победиме на домашен терен“, изјави Чави Пасквал.

На прашањето зошто денеска го немаше и Ристовски на терен, кој ги преседе на клупа сите 60 минути тој објасни дека тоа го одлучува пред секоја средба.

„Задоволен сум од тоа како работи Борко Ристовски. Тој бранеше на првите два меча, а потоа на следните три бранеше Де Варгас. Тоа одлучуваме пред средбата и никогаш не се знае кој ќе стартува во средбата“, коментираше Пасквал за изборот на голманите.