Чави Пасквал е новиот селектор на Романија

Тренерот на шпанскиот шампион Барселона, Чави Пасквал од денес ќе седне на селекторската клупа на романската репрезентација. Ракометната федерација на Романија, следејќи го успехот на Пасквал со каталонскиот тим, го избра за селектор на машката репрезентација за следниот олимписки циклус.

Очигледно, Пасквал тргна по патот на многумина тренери како што се Маноло Кадењас кој е тренер на екипата на Висла Плоцк, а воедно и селектор на шпанската репрезентација, Талант Душебаев кој е тренер на  Киелце, а пред некое време седна и на селекторското место во полската репрезентација.

Пасквал е тренер на Барселона од 2009 година и до сега има освоено 31 титула со овој клуб. Најзначајни од овие титули се двете титули во Лигата на Шампионите, исто толку и во Светското клупско натпреварување и шест титули во шпанското првенство.