Чави Пасквал: Во Келн фаворитите никогаш не победуваат…

Барселона за противник во полуфиналето на Ф4 во Лигата на шампионите за противник го има Вардар и Шпанците се многу внимателни пред дуелот. Тренерот на шампионот на Шпанија, Чави Пасквал во пресрет на завршниот турнир во Келн истакна дека не сака неговиот тим да го сметаат за фаворит бидејќи никогаш фаворитот не победува.

‚‚Минатата година го пропуштивме завршниот турнир и сега сме особено среќни што се вративме во Келн. Тимот е доволно зрел да не размислува за тоа колку титули има освоено Барселона. Сега размислуваме само за натпреварот со Вардар. Дуелот со Вардар за мене е финале. Ако нè победат тоа ќе биде затоа што биле подобри, а не поради потценување на противникот. Во Келн фаворитите никогаш не победуваат, затоа немојте да нè сметате за фаворити‘‘, рече Чави Пасквал.

Натпреварот се игра в сабота во вториот термин за полуфинале во 18 часот.