Чавез не доаѓа во Вардар: Флори го ангажираше пивотменот на Шпанија

Репрезентативката на Шпанија, Елизабет Чавез сепак нема да дојде во Скопје. Иако се шпекулираше во македонските медиуми дека Чавез ќе биде замена за Бегоња Фернандез, ракометниот клуб Флори  реши во своите редови да ја донесе Чавез и да им стави крај на шпекулациите. Чавез во Флори доаѓа од Ним и ќе биде замена за својата соиграчка од шпанската репрезентација, Марта Манге која следната сезона се сели во новиот суперлигаш, Бретања.

Пред извесен период ЖРК Вардар се засили со репрезентативката на Хрватска, Андреа Човиќ која настапува на позиција кружен напаѓач. Со овие трансфери се затворија и сите шпекулации за преселбата на Чавез во ЖРК Вардар.

Покрај Елизабет Чавез клубот за наредната сезона ќе ангажира уште две ракометарки.

Трансферот на Чавез беше официјално потврден на официјалната страна на Флори.