ЦСМ Букурешт ја совлада Баја Маре

Денес во Романија се одигра женското дерби помеѓу ЦСМ Букурешт и Баја Маре во рамките на 22.коло во романската Супер лига. Во спортската сала ,,Поливалента” домашните ракометарки беа подобри од Баја Маре со 29:23 (15:12). Баја Маре имаше сили само за 15 минути, во преостанатиот дел од натпреварот ЦСМ Букурешт владееше пред своите фанови. Одличната Мајса Песоа на голот како и расположената Родригез која постигна 10 погодоци беа главните актери на теренот. Во составот на Баја Маре солидна минутажа доби и репрезенативката на Македонија, Елена Ѓорѓиевска која не успеа да се запише во листата на стрелци. Првиот натпревар помеѓу ЦСМ Букурешт и Баја Маре заврши со резултат 24:21 (12:11) во корист на Баја Маре.

ЦСМ Букурешт – Баја Маре 29:23 ( 15:12)

ЦСМ Букурешт: Песоа 13 одбрани, Родригез 10, Мартин 3 (3), Торстенсон 5, Да Силва 3,  Кавалеиро 2, Цуреа 1, Базалиу 1, Веткова 1, Манеа 1, Визитиу 1, Глибко 1.

Баја Маре: Унгуреану 4 одбрани, Аренхарт 3 одбрани, Давиденко 4, Елисеи 3, Лобах 3, Нечита 2, Марин 2, До Насименто 2, Абингхт 5, Макеева 1, Буцеси 1.

Фото – hcmbaiamare.ro