ЦСМ Букурешт ја освои титулата во Романија

Екипата на ЦСМ Букурешт е новиот шампион во Романија во женска конкуренција. Баја Маре каде настапува и нашата репрезентативка, Елена Ѓорѓиевска ќе мора да се задоволи со освоеното второ место. ЦСМ Букурешт беше подобар противник и во двата натпревари против Баја Маре. На првиот натпревар ракометарките на Букурешт триумфираа со 23:22 (13:11), а во вториот одлучувачки натпревар тие славеа со поголема разлика 20:17 (11:6).

Одлична партија во победничкиот тим имаше репрезентативката на Бразил, Мајса Песоа која собра 15 интервенции. Швеѓанката Линеа Торстенсон беше прв стрелец во екипата од Букурешт со седум постигнати погодоци додека пак во составот на Баја Маре најефикасна беше Бусеши со четири погодоци. Елена Ѓорѓиевска на овој натпревар еднаш се запиша во листата на стрелци.