ЦСМ Букурешт ја декласираше екипата на Муратпаша: Зорица Десподовска стрелец на три голови

За разлика од првиот натпревар на ракометниот турнир “Букурешт Трофеј 2014” меѓу екипите на ЖРК Будуќност и Ростов Дон во кој видовме неизвесен ракомет, во вториот натпревар домаќинот ЦСМ Букурешт без проблеми го победи турскиот тим Муратпаша со високи 33:14 ( 18-7).

Моќниот тим на Букурешт делуваше импресивно на овој натпревар, буквално на сите позиции, а голманското дуо Мајса Песоа и Толнаи Талида имаа малку работа на голот на ЦСМ Букурешт.Уште на самиот почеток домашната екипа поведе со 13:3 и ја најави комплетната доминација на овој натпревар. Репрезентативките на Македонија, Душица Ѓоргиевска и Зорица Деспотовска го имаа своето деби во новиот клуб. Зорица Деспотовска постигна три голови и беше втор стрелец за својата екипа, додека Душица Ѓоргиевска не успеа да се запише во листата на стрелците.

 

Резултати

Група А: ЖРК Будуќност 30 Ростов Дон 26 ( 16-14)

Група Б: ЦСМ Букурешт 33 Муратпаша 14  ( 18-7)

 

Распоред за наредните денови од турнирот

Петок, 22 август

Битингхајм – Ростов Дон

Астраханочка – Муратпаша

Сабота, 23 август

ЖРК Будуќност – Битингхајм

ЦСМ Букурешт -Астраханочка

Во недела на програмата е натпреварот за петтото место, полуфиналето и големото финале.