ЦСМ Букурешт со победа над Митјиланд ја комплетираше групната фаза

Последниот натпревар од групната фаза, Букурешт го одигра на домашен терен и триумфираше над данската екипа Митјиланд со резултат 26-20.

Митјиланд беше рамноправен противник во првиот дел кој заврши со само три погодоци негатива 9-12 за нив. Сепак домашните ракометарки во своите редови ја имаа расположената Гулден која беше главен предводник до новата победа 26-20 за романската екипа.

Токму најдобриот стрелец минатата сезона во Лигата на Шампионите – Гулден беше најдобар стрелец во составот на Букурешт со 5 погодоци, додека Јоргесен постигна 6 во составот на Митјиланд.

По промената на кормилото актуелниот шампион, ЦСМ Букурешт ја запиша втората последователна победа во најелитното натпреварување и заедно со нивниот денешен противник Митјиланд и Ѓер обезбедија влез во главната фаза на Лигата на Шампионите. Разочарувањето во оваа група му припадна на фаворизираниот состав на Ростов Дон кој е елиминиран од понатамошно натпреварување.