ЦСМ Букурешт се засилува со французинката Ниомбла

Романски ЦСМ Букурешт е новиот клуб на франсцуската репрезентативка Нонсијан Ниомлба. Од повеќето понуди кои што стигнале на нејзина адреса Ниомбла ја одбрала онаа на амбициозбиот ЦСМ Букурешт сметајки дека во овој момент тоа е најдобра опција за нејзината кариера. Договорот е потпишан на една година со можност за негово продолжување. Ниомбла во Романија ќе се пресели од екипата на Флери, и ова ќе биде нејзино прво интернационално искуство. Претходно има настапувано за француската екипа Асул.

“Го одбрав ЦСМ Букурешт бидејки тоа е цврст проект и е најдобар избор за мојата иднина”.-изјави француската репрезентатативка.