ЦСМ Букурешт официјално ја претстави Изабел Гулден

Репрезентативката на Шведска, Изабел Гулден наредните две сезони ќе го носи дресот на ЦСМ Букурешт од Романија. На денешната прес конференција, Гулден беше претставена пред романските медиуми. Гулден оваа сезона ќе ја заврши во дански Виборг со кој се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а за противник Виборг го доби ЖРК Будуќност. Својата ракометна кариера, Гулден ја започна во Савехоф каде и се изгради како квалитетна ракометарка. Нејзините квалитети беа препознаени од моќниот Виборг кој во минатите сезони важеше за еден од најдобрите клубови во Европа. На последното Европско ракометно првенство беше избрана за МВП.

Со репрезентацијата на Шведска има освоено сребрен медал од Европското ракометно првенство – 2010 како и бронзен медал од последното европско првенство. Колекцијата на освоени медали е надополнета и со освоените домашни титули со Савехоф и Виборг како и со освоениот трофеј во КПК минатата сезона.

Фото: csmbucuresti.ro