ЦСМ Букурешт нема да игра во европските купови

Дрим тимот на романски ЦСМ Букурешт во следната сезона ќе биде дел само од романското првенство.

Екипата во изминатата сезона заврши на седмото место на табелата, но сепак раководството на клубот правеше напори екипата да учествува во некој од европските купови. Тоа не се случи, и клубот ќе настапува само во границите на Романија.

Баја Маре, шампионот на Романија зеде дирекно учество во Лига на шампионите, РК Роман и Клуж ќе играат во КПК, додека Брашов и Браила ќе настапуваат во ЕХФ Купот. За ЦСМ Букурешт да добие право да игра во европските купови, требаше да заврши меѓу првите пет, или некоја од пласираните екипи да го откажеше своето учество во Европа следната сезона.