ЦСМ Букурешт и Георгиевски се вратија на врвот во Романија

Откако беа поразени убедливо на гостувањето кај Доброгеа Суд Констанца со 30-23 во претходниот натпревар, ракометарите на ЦСМ Букурешт се вратија на победничките патеки во романскиот шампионат.

Тимот каде игра десното крило Гоце Георгиевски, ЦСМ славеше на домашен терен против незгодниот Поли Темишвар со 22-20.

Македонскиот репрезентативец беше стрелец на два гола од два обиди, а најдобри стрелци во победничкиот тим беа Тиуменцев, Вражалиќ и Рамба со по четири погодоци.

Сега ЦСМ Букурешт се врати на врвот на табелата со 31 бод, пред Констанца која има 30 бодови, а следниот натпревар го игра на 12 декември против Сучеава.