ЦСМ Букурешт и Баја Маре ги поделија бодовите

Осумнаесетото коло во романската лига од машка конкуренција го донесе првото изненадување. ЦСМ Букурешт на домашен терен ремизираше против Баја Маре со 25:25 (12:13).  Двете екипи во текот на целиот натпревар се менуваа во водство. На овој натпревар фаворит беше гостинската екипа која не ги оправда очекувањата на своите навивачи.

Најефикасен ракометар во редовите на ЦСМ Букурешт беше Милош Костадиновиќ со седум погодоци. Во составот на Баја Маре се истакна Никола Еклемовиќ со шест погодоци.