ЦСМ Букурешт заборавија на последниот пораз од Вардар, “црвено-црните” се на ред да ги потсетат! (ВИДЕО)

Полека се загрева атмосферата во пресрет на ракометниот фајнл-фор турнирот во женска конкуренција, кој на 7 и 8 мај ќе се одржи во Будимпешта. Ракометарките на македонскиот шампион Вардар во полуфиналниот дуел ќе се сретнат со романскиот шампион ЦСМ Букурешт, тим над кој славеа два пати во групната фаза. Пред саботниот дуел носителот на правата на ракометната лига на шампиони во Романија- телевизијата Дигиспорт, направи мини интервју со интернационалките во ЦСМ Букурешт, Лине Јоргенсен и Изабел Гулден. Едно од многуте прашања беше дали се сеќаваат со кој резултат загубија на последниот натпревар со Вардар? Двете ракометарки не дадоа прецизен одговор, одговарајки помеѓу три и четири разлика. Водителот ги потсети дека на домашен терен беа поразени со 25-30, на што двете изненадено одговорија: Стварно?? Гледавме што побрзо да го заборавиме тој натпревар, во смеа изјавиа скандинавките во романскиот состав.
Дали вардарки уште еднаш ќе ги потсетат романските шампионки на нивниот последен дуел, останува да видиме во сабота со почеток од 17 часот и 45 минути.

Комплетното интервју со Јоргенсен и Гулден погледнете го на следниот линк