ЦСМ Букурешт ги претстави новите ракометарки

Ракометниот клуб ЦСМ Букурешт од Романија официјално ги претстави новите ракометарки во своите редови.

Иако во наредната сезона клубот ќе игра во ЕХФ Купот, тоа не го спречи раководството на клубот да вложи голема сума на пари, да привлече квалитетни ракометарки и да најави бран на нови ракометарки за следната година.

Клубот ги купи најдобрите репрезентативки на Бразил кои го освоија златниот медал на СП во Србија, како и неколку ракометни звезди од Русија, Шведска, Украина и Шпанија. Во романските спортски портали како трансфер бомба се споменуваше и Анѓела Булатовиќ, но рускиот клуб Ростов Дон беше побрз и ја донесе искусната репрезентативка на Црна Гора во своите редови.

Во новата сезона љубителите на ракометот во Романија ќе уживаат помеѓу ривалството на Баја Маре и ЦСМ Букурешт.

Моменталниот тим на  ЦСМ Букурешт за сезона 2014/15

Голман – Мајса Песоа, Талида Толнаи

Лево Крило – Фернанда Да Силва, Јулија Цуреја

Лев Бек – Линеа Торстенсон,  Маринела Герман

Централен бек – Ана Паула Родригез, Ирина Глибко

Десен Бек– Деонис Кавалеиро , Патриција Визитиу, Јулија Заремба

Десно Крило – Кармен Мартин Беренгуер, Кристина Варзару

Пикер – Оана Манеа, Екатерина Веткова

Тренер – Јакоб Вестергард

Помошен Тренер – Мете Клит

bukurest
Фото:prosport.ro