Црногорките ја повредија Цвијиќ: Габаритниот пикер осети на своја кожа како играат нејзините клупски колешки

По завршувањето на балканското дерби во групата Д помеѓу репрезентациите на Србија и Црна Гора кое го го добија црногорките со 22:19, на повреда се пожалија двете српски репрезентативки Катарина Степановиќ и Драгана Цвијиќ. Страдаше скочниот зглоб на Степановиќ, а на Драгана Цвијиќ веднаш по завршување на натпреварот требаше да и биде извршено снимање на раката. И српскиот селектор Саша Бошковиќ ја потенцираше агресивната одбрана на црногорките, по која е препознатлив и црногорскиот шампион Будуќност со своите настапи во Лигата на шампионите. Овој пат жртва на таквата одбрана беше токму клупската колешка на репрезентативките на Црна Гора, Драгана Цвијиќ чиј настап во продолжението на ова ЕП е доведен во прашање.

“Се повреди Катерина Степановиќ, ни се случуваат некој неверојатни работи. Црна Гора играше многу агресивно. Само Цвијиќ да биде добро, но мислам дека не е добра ситуацијата со неа. Видовте и што се случи со Степановиќ. Тоа не е нормално. Стартот на Сузана Лазовиќ…” изјави огорчено за медуимите, српскиот селектор Саша Бошковиќ.