Црногорката Оливера Вукчевиќ ново име во Мец

Репрезентативката на Црна Гора, Оливера Вукчевиќ ги засилува редовите на француски Мец. Младата и талентирана ракометарка која игра на позиција лево крило во Мец преминува од ЖРК Јагодина. Вукчевиќ ги има поминато сите младински категории во ЖРК Будуќност каде беше дел и од првиот тим на Драган Аџиќ во сезона 2013/2014 но поради силната конкуренција ретко добиваше шанса на терен.

Претходно Мец се засили и со ракометарката на Локомотива Загреб, Соња Башиќ.

Фото: handballme.me