Црногорката Кликовац во Дебрецен

Унгарските клубови продолжуваат со трендот да се засилуваат со ракометарки од Балканот.

Нова ракометарка во Унгарија е црногорката Бобана Кликовац која потпиша договор со екипата на Дебрецен. Бобана Кликовац која има само 19 години, ќе биде најмлада ракометарка во својата нова екипа. Во нејзината кариера успешно ги бранеше боите на вториот тим на Будуќност од Подгорица. Освен за Будуќност настапуваше и за екипата на ЖРК Бисери од Плевља.

Освен Бобана Кликовац, клубот ја ангажираше и украинката  Лила Горилска од српскиот клуб Ниш. Искусната ракометарка од Украина игра на позиција лев бек . Освен за Ниш украинката настапуваше и за РК Зајечар, Астраханочка и украински Смарт.