Црна Гора ја совлада Русија на пријателски натпревар

Селекцијата на Црна Гора предводена од Драган Аџиќ во Подгорица одигра пријателски натпревар против селекцијата на Русија. На овој натпревар домашните ракометарки настапија без четири главни играчи, Марија Јовановиќ, Анѓела Булатовиќ, Јованка Радичевиќ и Соња Барјактаровиќ. Црна Гора триумфираше со 27:23 (15:8). Во наредниот период ќе има уште неколку контролни натпревари пред почетокот на квалификациите за настап на ЕП кое оваа година ќе се одржи во Данска. Црна Гора за противник во квалификациите го има Исланд додека Русија оди на мегдан против Германија.

Најефикасна на натпреварот беше Катарина Булатовиќ со десет погодоци. Во составот на Русија Ана Кочетова упати шест прецизни удари во мрежата на Црна Гора.