Црна Гора со младинки против Португалија

Женската репрезентација на Црна Гора денес со почеток од 20:00 часот во Никшиќ ја пречекува селекцијата на Португалија. Црна Гора е без пораз во натпреварите за квалификациите за ЕП-2014. Мотивот кај Црна Гора е огромен,  пред се по  победата против Полска на гостински терен со само 13 ракометарки,  од кои половина беа кадетски и младински репрезентативки на Црна Гора. Селекторот Драган Аџиќ на денешниот натпревар се одлучи да настапи со ракометарки од школата на ЖРК Даниловград и ЖРК Будуќност. Од искусните ракометарки ќе бидат само Катарина Булатовиќ,  Билјана Павичевиќ и Андреа Кликовац. Другите ракометарки главно се од генерациите 95/6 и 96/7 . Црна Гора иако беше европски шампион,  сепак играше квалификации . Во квалификациските натпревари забележа две победи против Полска и Чешка и победа на гостински терен против денешниот противник Португалија.