Црна Гора два пати поразена од Хрватска

Избраничките на Драган Аџиќ на контролните натпревари пред почетокот на европското ракометно првенство не одиграа на посакуваното ниво. Црна Гора одигра два натпревари против Хрватска и на двата беше поразена.
На првиот натпревар репрезентацијата на Хрватска славеше висока победа со 28:19 (11:7). На овој натпревар во составот на Хрватска одлична партија одигра ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ која беше најефикасна на натпреварот со осум погодоци, додека втората ракометарка на Вардар во хрватската селекција, Маја Зебиќ четири пати се запиша во листата на стрелци. Во селекцијата на Црна Гора се истакна Марија Јовановиќ со четири погодоци.Во вториот натпревар Хрватска славеше минимално со 27:26 ( 14:10). На теренот повторно расположена беше Андреа Пенезиќ со десет погодоци, шест од пенал. Маја Зебиќ постигна два погодоци во мрежата на Црна Гора. Во составот на Драган Аџиќ најефикасна беше ракометарката на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ со седум погодоци , Андреа Кликовац не успеа да се запише во листата на стрелците но си ја заврши својата задача во одбраната.