„Црвено-црните“ шампиони свртеа нов лист за новата сезона (ФОТО+ВИДЕО)

Вардарци веќе наголемо се подготвуваат за предизвиците во новата сезона во која ќе треба да ги бранат четирите титули освоени минатата. „Црвено-црните“ ќе се обидат да освојат и петта, како круна на сите, на Супер Глоуб во Доха, неофицијалното светско клупско првенство.

Досега одиграа три дуели, два загубија, славеа на еден, а во четвртфиналето на Супер Глоуб ќе се сретнат со иранскиот Нафт О Гашаран. Ако се биде според очекувањата во полуфиналето ќе гледаме реприза од Ф4 турнирот во ЛШ, каде вардарци играа со Барселона.

Во меѓувреме пред да заминат за Доха, вардарци тренираат во Скопје, каде веќе ги направија официјалните фотографии за следната сезона. Погледнете каква беше атмосферата….