„Црвено-црните“ со двајца преставници во ЕХФ тимот на колото

Шестата рунда од ЕХФ Лигата на шампионите ја одбележаа дуелoт меѓу двата најголеми ракометни гиганти ПСЖ и Барселона, како и натпреварот на неделата меѓу Вардар и Киелце. Домаќините ги задржаа бодовите со сигурна и уверлива игра и победа која во ниту еден момент не беше доведена во прашања.

Изненадување за Барселона беше младиот француски десен бек Недим Ремили кој со одлична серија на почетокот на натпреварот го одржуваше својот ПСЖ на сигурна предност.

Македонскиот шампион имаше исклучителна вечер против Киелце, а покрај одличните игри на Душебаев и Дибиров, место во големата седморка имаше само за плејмејкерот Игор Карачиќ и одличниот голман Арпад Штербик.

Единствена светла точка во составот на актуелниот европски првак беше шпанскиот пивот Јулен Агинагалде за кого „црвено-црната“ одбрана немаше решение и токму тој е единствениот претставник од својот клуб меѓу најдобрите седум ракометари на шестото коло.

Покрај нив место имаше и за шведскиот репрезентативец Џери Толбринг, одличниот лев бек Момир Илиќ, како и десното крило Мариус Штајнхаузер.

Идеален тим на шестото коло:

Лево крило – Џери Толбринг (Кристијанштад)

Лев бек – Момир Илиќ (Веспрем)

Централен бек – Игор Карачиќ (Вардар)

Десен бек – Недим Ремили (ПСЖ)

Десно крило – Мариус Штајнхаузер (Рајн Некар Левен)

Пивот – Јулен Агинагалде (Кјелце)

Голман – Арпад Штербик (Вардар)