Циндриќ не сака повеќе да игра во Келце, Барселона плаќа еден милион евра за него!?

Според полскиот „Спортове факти“, хрватскиот репрезентативец и поранешен член на Вардар, Лука Циндриќ наскоро ќе биде претставен како нов играч на Барселона. Каталонскиот тим ќе плати еден милион евра за трансферот.

Договорот на Циндриќ со Келце истекува во 2021 година, но Хрватот не сака повеќе да игра за полскиот состав па според тоа трансферот е очекуван. Претседателот на Келце, Бертус Сервас истакна дека немаат намера да го задржуват играчот кој не сака да настапува во нивната екипа.

‚‚Наскоро сè ќе се реши. Лука не сака да остане тука и ние мора да ја почитуваме неговата одлука. Тој има договор со нас, но не можеме да правиме робови од играчите. Преговорите одат тешко, но ако не сака да игра во Келце тогаш мора да се најде решение. Мислам дека трансферот ќе се рализира за неколку недели‘‘, изјави Сервас.

Циндриќ кој сезонава се соочува со големи проблеми со повредите, успеа да ги надмине и да се врати во вистинска форма од следната сезона ќе игра во тимот од неговите соништа.