Циндриќ не може без Вардар: Клубовите се менуваат, но пријателствата остануваат (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на Вардар и ракометар кој имаше голем удел во освојувањето на првата круна во 2017 година, Лука Циндриќ денеска ќе игра финале со Барселона на Супер Глоуб. Тој ќе се обиде да дојде до трофејот, а за време на деновите минати во Дамам покажа дека не може без својот поранешен клуб.

Циндриќ се дружеше со вардарци така што имаше можност да се потсети како беше кога го носеше „црвено-црниот“ дрес. Може да се забележи и од фотографијата со Тимур Дибиров, кој е капитен на Вардар во Саудиска Арабија во отсуство на Стоилов, дека друштвото со вардарци му годи на Циндриќ.