Циндриќ: Не добивме шанса да се вратиме во натпреварот

Хрватска мораше да го добие дуелот со Франција доколку сакаше да се надева на европското злато, но Франција повторно одигра одлично, и предводени од Омејер и Карабатиќ го одлучи натпреварот уште во првиот дел. Причини за поразот многу, опции малку, а вардаровиот централен бек, Лука Циндриќ за играта на Хрватска истакна:

Знаевме дека не чека еден тежок натпревар, против Франција. Тие беа повеќе концентрирани во одредени момнети, затоа не добивме шанса да се вратиме во натпреварот. Мислам дека можевме да одиграме подобро, сега се насочуваме на Полска и тоа е тоа. Што е тука е. Загубивме мислам дека подобро го отворија натпреварот и покажаа подобра одбрана и тоа го пресуди натпреварот. Мислам дека не се реални овие осум голови, требаше да покажеме повеќе, сега треба да анализираме да видиме каде погрешивме и да ги поправиме грешките пред наредниот натпревар.