Циндриќ за 24Ракомет ТВ: Нè чека тешка задача во Загреб, не смееме да ги потцениме! (ВИДЕО)

Лука Циндриќ одигра добар натпревар во дресот на Вардар вечерва и со пет погодоци му помогна на својот тим да запише нова победа во „Јане Сандански“.

Македонскиот шампион во одлучувачките моменти беше подобар противник во натпреварот со Пик Сегед и поголемата концентрација им донесе нови два бода во Лигата Шампионите.

Во видеото подолу погледете ја изјавата на Лука Циндриќ во која тој говори за вечерашната игра, како и за очекувањата од следниот дуел против Загреб.