ЦЕМС одработи успешен тренинг натпревар против Овче Поле

Дуелот на аутсајдерите во Женската лига донесе победа за ЦЕМС. Тимот од скопската населба Ѓорче Петров беше подобар од последнопласиранот Овче Поле со 38:28 и дојде до бодови после огромен број на порази во ова натпреварување

ЦЕМС нема прилика оваа година да се радува на голем број на победи, па оттаму овој триумф дојде како порачан за девојките предводени од Владимир Радиќ. Како и низ цела сезона, Овче Поле имаше натпревар полн со технички грешки, и си дозволи нов дебакл.

Ангела Цветановска беше максимално расположена погодувајќи 14 гола. Кај Овче Поле, Елена Вучевска беше стрелец на седум гола. На табелата нема промени. Тимот од Свети Николе е последен, без освоени поени, додека Цемс е едно место подобар со 12 бода на своето конто.