Цел Магдебург излезе да ги поздрави своите ракометни херои! (ВИДЕО)

Ракометарите на Магдебург се овогодинешните освојувачи на германскиот ракометен куп. Момците на Бенет Вигерт имаа фантастичен настап во Хамбург, откако најпрво во полуфиналето по продолженијата го совладаа тимот на Бергишер со 36-33, a во финалниот натпревар беа подобри од фаворизираниот Фленсбург со 32-30.
Навивачите на овој клуб во голем број беа присутни во Хамбург каде на двата натпревари беа осмиот играч на својот тим на патот до нова титула во Германскиот куп.
По големиот трумф над Фленсбург славјето продолжи и на плоштадот во Магдебург каде ракометарите беа бурно пречекани од своите навивачи.
Како тоа изгледаше погледнете на видеото во продолжение.

Unfassbar…??? was für eine Party!!!!????

Geplaatst door Jens Schöngarth op maandag 2 mei 2016