Целје со реми против Бешикташ обезбеди финале во Струга

Шампионот на Словенија ќе игра во утрешното финале против Констанца и ова ќе биде одлична можност да ги одмерат уште еднаш силите. Денеска Целје се избори за реми со Бешикташ од 23:23, а тоа беше рамно на победа бидејќи беше доволно за првото место.

Ракометарите на Целје тргнаа одлично во натпреварот. Поведоа со 3:0 после сам две минути игра и успеаја да наметнат силно темпо со кое успеваа да го одржат потребниот ритам за да бидат во зитива на стартот од мечот. Бешикташ никако не успеваше да се снајде и да намали, па постојано разликата беше 3-4 гола.

Целје го имаше расположениот Пањтар кој бранеше одлично и собра многу одбрани уште во првите десет минути. Неговата добра игра ветуваше добар резултат за Целје, а разликата без проблеми се одржуваше до паузата бидејќи ракометарите на шампионот на Турција не најдоа игра со која ќе успеат да го надиграт противникот.

Таквиот стил на игра допринесе за предност на Целје од 14:9 на полувреме, а тоа беше момент кој делуваше мотивирачки за Бешикташ. Тимот од Турција во вториот дел од средбата се избори за враќање во потребниот ритам. Почна менувањето на играта, а тоа во 41. минута од средбата донесе 17:15 и нешто поинтересен тек на средбата.

Десет минути не се менуваше ништо на теренот и разликата се чуваше, а потоа дојде до ново намалување и тоа на само еден погодок. Целје имаше19:18 во 51. Минута што значеше дека треба да се крене нивото.

Сепак, ова треше само кратко време бидејќи брзо дојде до враќање на негативата, а немаше ништо во однос на пресврт бидејќи Целје издржа до крајот и го финишираше мечот со реми од 23:23, а тоа беше доволно за тимот од Словенија да заврши како прв во групата и да игра финале.

ЦЕЛЈЕ – БЕШИКТАШ      23:23 (14:9)

Игралиште на „Женска Плажа“ во Струга. Гледачи: 700. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ЦЕЛЈЕ: Пањтар (15 одб.), Ферлин, Вујовиќ 2, Јуречич, Малус, Разгор 2, Овничек 3, Маргуц 3, Шарац 1, Грошељ, Ненадиќ, Кодрин 4, Хоржен, Макуц 5, Аниќ 4, Душебаев.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.

БЕШИКТАШ: Танер (4 одб., 1 сед.), Хендави (5 одб., 1 сед.), Каратај, Озгур 2, Прибак 4, Крсманович 2, Буљубашиќ, Демирезен 1, Толга 3, Онур 4, Ласица 4, Нуиќ, Томиќ 1, Коцарсан, Доне 1.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 8 мин.