Целје посилен за уште еден словенечки ракометар

Јан Гребенц, кој сезонава настапува во данскиот Скјерн од наредната сезона ќе се врати во својата татковина и кариерата ќе ја продолжи во словенечкиот шампион. Тој потпиша три годишен договор со Целје.

Гребенц кариерата ја има започнато во Рибница, а потоа премина во Горење Велење каде што остана една сезона. Следната дестинација беше Скјерн со кој настапуваше во Лигата на шампионите.

Гребенц настапува на позицијата лев бек, засега во Целје на таа позиција се Јосип Шарац и Вилијам Акамбре кој го напушта клубот. Нов играч кој пристигнува наредната сезона во словенечкиот шампион на истата позиција е Тобијас Цветко.