Целје Пивоварна Лашко темпира форма на планина ( ВИДЕО)

Еден од противниците на РК Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите, екипата на Целје Пивоварна Лашко започна со подготовки за наредната сезона. Кондициониот тренер на екипата Томаш Оцвирк, како и тренерот Бранко Тамше практикуваат интересен вид на подготовки се со цел словенечкиот шампион во добра форма да ја започне престојната сезона.

Во склоп на подготовките беше одигран и пријателски натпревар против екипата на Баја Маре, во кој Целје успеа да извојува убедлива победа од 33-23.