Целје немаше сили за изненадување, голема победа за Копенхаген

РАЈН-НЕКАР ЛОВЕН  31-27  РК ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО (13-15)

Младиот словенечки состав не го издржа темпото и не успеа да ја направи најголемата сензација во досегашниот тек на Лигата на шампионите. Иако по одличните 30 минути, Целје беше во водство со два гола, на крај искусните ракометари, индивидуалниот квалитет и Никлас Ландин беа пресудни „лавовите“ да го одржат чекорот со Вардар и Веспрем во трка за најдобрата позиција на табелата.

RNL_Celje_06
Фото: www.rhein-neckar-loewen.de

Рајн-Некар Ловен: Ландин, Ручман (за седум метри), Перибонио – Шмид (4), Генсхеимер (5/2), Кнеер, Сигурмансон (2), Мирхол (3), Стеинхаусер (0), Ларсен (1), Реинкајнд (1), Гвардиола (4), Петерсон (7), Гретски (1), Екдал Ду Ритц (3) , Шмит (0)

РК Целје: Лесјак, Скок, Кастелиќ – Благотинсек (3), Ивиќ (4), Зуран, Јанц (4), Разгор (2/1), Маргуч, Потенко (1), Миклавчиќ (2), Слишковиќ (3), Зарабец (5/2), Кодрин, Касал, Звижеј (3)

 

ОРЛЕН ВИСЛА ПЛОК  28-29  КИФ КОЛДИНГ КОПЕНХАГЕН (15-14)

Првите минути покажаа дека  домаќините се мотивирани и полни самодоверба по поразот од Киелце.  Добрата одбрана на Плок ги принуди шампионите на Данска на грешки во нападот, а само благодарение на расположениот голман  Каспер Хвит, скандинавците заостануваа со “само” 6: 4. По една четвртина од играта Плок одигра лош период, во кој имаа и два играча помалку, а тоа резултираше со два гола на Лукас Карлсон за намалување на водството (10: 9). Висла имаше шанса да го зголеми водството до крај на првиот дел, ноне искористија два напада по ред и по триесет минути игра, двете екипи отидоа на пауза со резултат 15:14.

Вториот дел започна во знакот на чуварите на мрежите на двата тима. По 5 минути игра, Ландин конечно постигна погодок. Висла Плок имаше три голови предност во 40-та минута 19-16, но тоа не ги спречи гостите со пожртвувана игра во одбраната и одличниот голман Хвит да запишат  нови два бода од гостување. Во 58-та минута Бо Спелерберг го донесе првото водство на натпреварот за КИФ 27-26. Ракометарите на Колдинг како и во последните три сезони на крај се радуваа на конечниот резултат 28-29.

Орлен Висла: Р.Коралес (26% 9/37, 1/2 п.) – A.Вишниевски, И.Никчевиќ (2), M.Дашек, В.Гионеа (2, 0/1 п.), T.Роча (3, 2/3 п.), З.Квиатковски (1), K.Сипржак (5), A.Тиуменцев (3), M.Јуркевич (5), Д.Ракотеа (1), A.Монторо (3), Н. Зеленовиќ (3)

КИФ Колдинг Копенхаген: К.Хвит (36% 14/40) -С.Јенсен (1), М.Ландин (3), M.Долк (2, 1/2 п.), T. Лаен (3), С. Виудес (1), K.Ирминг (1), Л.Јоргенсен, Л.Карлсон (7), Л.Боесен, Л.Андерсон (3), Б.Спелербег (3, 0/1 п. ), K.Андерсон (5)