Целје е новиот шампион на Струшкиот турнир

Шампионот на Словенија го доби интересното финале откако денеска го надигра составот на Констанца со 25:24. Со оваа победа беше обезбеден трофејот со што Целје се вклучува во списокот на шампиони на турнирот кој годинава го имаше 46. издание. 

Екипата на Целје имаше одличен старт. Тргна во натпреварот со неколку одбрани на Ферлин, а потоа и со три гола, па имаше 3:0. Овој резултат даде одлично отворање на средбата и донесе интересен тек на настаните. Констанца успеа брзо да се врати во средбата и да намали на 3:2, па тука почнаа да го носат мечот во нови возбудувања.

Ваквиот стил на игра донесе и израмнување. Првото дојде во 10. минута при 4:4, а тука веќе се виде дека нема да биде лесно некој од тимовите да успее да создаде поголема предност. Во овој период дојде до првите искри. Малиновиќ и Малус беа во дуел и дојде до удар, па мораше да се смирува ситуацијата со две минути.

Следеше неколку минути игра гол за гол. Целје водеше со 7:6 кога дојде до криза. Тоа Констанца го искористи за четири гола во серија и предност која донесе убаво продолжение на првото полувреме. Постојано беше 2 до 3 гола, имаше силни дуели и на двете страни, а на одмор се замина со предност за Романците од 13:11.

Вториот дел од натпреварот тргна во истиот стил како првото полувреме. Повторно имаше три гола од екипата на Целје за отворање, а тоа донесе интересно продолжение на средбата. Констанца ја загуби предноста, но остана во ритам и во резултатска игра.

Темпото беше силно и беше тешко да се следи ритамот. Составот на Целје успеа да го зададе првиот удар и да издвои, а тоа тргна после 16:16. Нешто подобрата игра во нападот каде имаше повеќе идеја донесе и позитива, а клучот тука беше и во одличниот голман на Целје, Клемен Ферлин кој бранеше топки кои беше речиси невозможно да се запрат.

До крајот имаше возбудувања, а победникот го решаваше практилно еден удар бидејќи на крајот само еден гол беше решавачки за победникот, а трофејот замина за Словенија, кај екипата на Целје.

ЦЕЛЈЕ – КОНСТАНЦА   25:24 (11:13)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 1500. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ЦЕЛЈЕ: Ферлин (18 одб.), Пањтар, Вујовиќ 2, Јуречич 2, Малус 2, Разгор 2, Овничек 1, Маргуц 1, Шарац 2, Грошељ 1, Душебаев 4, Кодрин 2, Хоржен 2, Макуц 1, Аниќ 3

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

КОНСТАНЦА: Митревски (12 одб.), Василие, Малиновиќ 3, Нистор 3, Чиковани 2, Кевиќ 3, Вујовиќ, Лаурентиу 1, Црноглавац 1, Чутура 4, Цог, Мокану, Николиќ 7, Буричеа, Игнат, Маркоски

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.