Целје го задржа капитенот до 2022 година

Словенечкиот шампион Целје го задржува во своите редови капитенот на екипата. Според информациите од клубот Давид Разгор го продолжи договорот до 2022 година.

‚‚Драго ми е што останувам во клубот. Многу брзо се согласивме за сите детали од договорот. Се чувствувам одлично тука, ова е мој матичен клуб, вистинско семејство. Во петок ќе го одиграме последниот натпревар од сезонава. Сакаме да докажеме дека Целје е најуспешиот клуб во Словенија. По натпреварот ќе ја прославиме титулата со навивачите‘‘, изјави Давид Разгор.

Разгор е  догогодишен член на Целје, и во европските купови настапува со својот тим уште од 2009 година.