Цветковски си оди од Вецлар, но останува во Германија

Македонскиот голман Јане Цветковски во следната сезона нема да биде дел од бундеслигашот Вецлар, каде што пристигна минатото лето.

Тој настапи на неколку натпревари од Бундес лигата во првиот дел од сезоната, но по ангажманот на Никола Мариновиќ, бранеше за вториот тим на Вецлар.

Сега бундеслигашот ангажира уште еден странски голман, па Цветковски ќе одбере една од неколкуте понуди од Германија.

Претходно Цветковски настапуваше за Пролет во Македонија, а има солидно интернационално искуство од Босна Сараево, словачкиот АГРО, како и шведските Иштад и Хелсинборг.