Цветковски одличен, Хелсинборг со убедлива победа

Македонскиот интернационалец Јане Цветковски продолжува со одличните партии во дресот на шведскиот Хелсинборг Неговиот тим по поразот од Онередс на гости, се врати во победнички ритам и славеше со 34:25 на домашен терен над составот на Сканела.

Цветковски како и досега, имаше одличен придонес во победата на Хелсинборг. Против Сканела, македонскиот интернационалец забележа 12 одбрани, а повеќето од нив беа во моментите кога неговиот тим ја градеше високата предност.