Цветковски и Иштад продолжуваат со победи на пријателските натпревари

По победата над Висла Плоцк на турнирот во Магдебург минатата недела, ракометарите на Иштад, каде игра Јане Цветковски, се вратија во Шведска каде продолжија со одигрување на контролните натпревари во пресрет на стартот на новата сезона во Елитсериен.

Најпрво славеа над Карлсрона со 29:27, а Цветковски ги помина на голот сите 60 минути и имаше 14 одбрани, а постигна и 1 гол, додека во победата над Луги со 27:22, беше во игра во првиот дел, а дотогаш неговиот тим водеше со 18:9.

Остварена беше и победа на локалниот ривал ИФК Иштад со 30:22, на овој меч покрај солидната партија на голот, Цветковски постигна и 1 гол.