Цветковски бира меѓу Рибница, Сантандер и Хелсинборг

Јане Цветковски, македонскиот голман кој во минатата сезона имаше одлични партии на голот на Босна, оваа сезона ќе игра во друга средина. Одличните настапи не останаа незабележани, па Цветковски има неколку понуди.

Словенечка Рико Рибница, која по квалитет е веднаш зад водечкото дуо, Целје и Горење, е првиот тим кој го посакува Цветковски во своите редови. Шпанскиот легендарен тим ТЕКА Сантандер, кој своевремено палеже и жареше на европските терени, а сега се вика Го Фит Аделма и игра во Асобал лигата е уште една опција за македонскиот голман.

Шведските клубови Каунтри и Хелсинборг исто така имаат упатено понуда за услугите на Цветковски, а за тоа каде ќе ја продолжи кариерата веројатно ќе се знае на почетокот на идната недела.