Хрватски ракометар повторно во центарот на скандал: Прво го фатија со кокаин, а сега претепал човек!

Во понеделникот, на 29 јули, околу 4 часот наутро пред еден ноќен клуб во Задар, брутално бил претепан 40-годишен жител на овој град, а меѓу насилниците кои го повредиле бил и хрватскиот ракометар Јосип Маршан.

Ова е втор скандал во кој е вклучен токму 23-годишниот Маршан, чија ракометна кариера тешко дека ќе може да ја рестартира, по позитивниот допинг тест во март годинава.

Тој беше позитивен на кокаин и не побара отворање на Б примерокот, што докажува дека ја признава вината. Во претходните претсезонски подготовки тој беше член на ракометниот камп на Загреб, но по еден натпревар веднаш бил вратен во Умаг.