Хрватски “мониторинг” за кадетите: Игор Вори на трибините во “Борис Трајковски” (ФОТО)

На натпреварот меѓу Македонија и Данска на трибините покрај многубројната публика, се наоѓа и еден легендарен хрватски ракометар.

Игор Вори, дел од златната генерација на Хрватска, заедно со селекторот Лино Червар, по натпреварот меѓу Хрватска и Словенија, ја искористи посетата во Скопје, да го гледа и дуелот на Македонија.

Тој во моментов работи како спортски директор во сениорската репрезентација, а до лани беше регистриран и како играч во Загреб, каде што од сезоната игра кадетскиот репрезентативец Ненад Костески.