Хрватски вандализам: Каде се ракометните топки?!

Каква само вест ни доаѓа од Хрватска. Хрватската ракометна телевизија РТЛ за што подобра атмосфера за време на СП во Катар постави две големи ракометни топки со големина од 2 метри и со потписи од сите хрватски репрезентативци на плоштадите во Загреб и Осијек. Но, веќе истиот ден попладнето двете топки биле отстранети од “цветниот” плоштад во Загреб и плоштадот Анте Старчевиќ во Осијек на големо изненадување целокупната екипа на РТЛ Телевизија.
Вработените во РТЛ Телевизија на сите начини се обидуваат да си ги вратат двете ракометни топки па дури нудат и награда, а сите оние кои ќе помогнат ќе ја имаат честа лично да се запознаат со коментаторите на РТЛ, прославените хрватски ракометари Мирза Џомба и Блаженко Лацковиќ.

Rak topka
Исчезнатите ракометни топки од плоштадите во Хрватска