Хрватска ја спречи Пенезиќ да дојде до титулата најдобар стрелец на Европското Првенство

По завршување на групната фаза од Европското првенство во Хрватска и Унгарија, Андреа Пенезиќ со единаесете погодоци од последниот натпревар остана на чело на листата стрелци со постигнати 30 погодоци во три натпревари. Веднаш зад неа е шпанската репрезентативка Кармен Мартин со 28 постигнати погодоци и неверојатен процент од 90% прецизност. Романската интернационалка Неагу останува на третото место со 25 постигнати погодоци.
Помеѓу првите 15 ракометарки на листата на стрелците единствено Пенезиќ го заврши настапот на ова првенство, затоа повеќе од веројатно е дека веќе од следното коло врвот на листата ќе има нов лидер.
Дали беспрекорната Мартин ќе го задржи темпото или некоја од поискусните ракометарки како Кудлач или Неагу ќе го превземат овој примат ќе дознаеме на 20 декември.