Хрватска со успешни тест натпревари против Србија заминува за Катар

Хрватската репрезентација својата форма пред заминувањето во Катар ја темпира со одигрувањето на двата пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија. Во петокот во Умаг, Хрватите беа подобри со 35-28, а вториот натпревар кој се одигра во Ријека повторно им припадна на популарните “каубоји” со 34-30. За хрватскиот селектор Голужа ова беа добри тест натпревари на кои се вежбаа тактичко-технички варијанти пред заминувањето во Катар, а најважно од се е што ракометарите без некој посериозни повреди ја поминуваат подготвителната фаза.

Игравме против репрезентација која одлично ја одглуми играта на неколку наши ривали на СП. Играа со два одлични бекови, лев и десен. За жал уморот го направи своето па одбраната не беше на ниво на кое треба да биде ако сакаме да имаме добар настап на СП. Очекував вакви тешки натпревари, но сепак се надевав на подобра одбрана. Секогаш потенцирам дека одбраната мора да биде на високо ниво. Ние секогаш ќе постигнеме 28-30 гола, но одбраната е таа која мора да биде силна. Примивме премногу лесни погодоци, но ќе се обидеме тоа да го поправиме, иако би било подобро доколку по овие два контролни натпревари до почетокот на СП имавме повеќе од три дена. Но не може се да биде идеално.